„МААЛСКИ ПАТРОЛИ“ ЗА ПОЧИСТ ЦЕНТАР Герасимовски планира да ја подобри и атмосферската канализација
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ планира инвестиции во реконструкцијата на улици во општините, изградба на велосипедски патеки и реконструкција на тротоари.
Во општина Центар комуналната инфраструктура ја ставаме во фокусот на програмата преку планско зајакнување на капацитетите на јавните градски и комунални претпријатија. Комуналното претпријатие ПОЦ во Центар станува и комунално претпријатие со нови 130 вработени кои ќе се грижат за јавната хигиена.
Ова го најави денеска кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски.
Тој говореше и за инвестициите во атмосферската канализација и реконструкцијата на улици во општината, како и изградба на велосипедски патеки и реконструкција на тротоари.
– Центар е срцето на градот, Центар мора и треба да биде чист, затоа воведуваме „маалски патроли” за поголема безбедност и грижа за јавните површини. Ќе извршиме мапирање на критични локации и нивно почесто третирање, во соработка со Град Скопје. Ќе поставиме нови корпи за отпадоци и контејнери со поголеми капацитети за собирање отпад на локациите кои се пофреквентни, ќе поставиме подземни контејнери секаде низ општина Центар и ќе дадеме поддршка за хигиена во подземните гаражи – рече Герасимовски.
Тимот кој го создава СДСМ рече Герасимовски има вистинската формула за заеднички успех и на општините и на градот Скопје!
– Граѓаните тоа го препознаваат и затоа и на овие локални избори ќе ја направат разликата и ќе одлучат дека СДСМ и коалицијата се најдобрата опција – додаде Герасимовски.