МАЈСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ ИЗНЕСУВА 2,7% Највисока е во Романија, а најниска во Финска
Растот на цените забрза во мај и во еврозоната и во ЕУ за прв пат од крајот на минатата година.
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во мај изнесува 2,7%, а во еврозоната таа изнесува 2,6%, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба.
Растот на цените забрза во мај и во еврозоната и во ЕУ за прв пат од крајот на минатата година.
Највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во мај забележа Романија, од 5,8%. Следат Белгија и Хрватска, членки на еврозоната, со раст на потрошувачките цени измерени со ХИЦП за 4,9 и 4,3%, во однос на ланскиот мај.
Во групата земји со раст на цените блиску до нивото од 4% се и Унгарија, Шпанија и Португалија, каде што забележаа раст од приближно 3,8%.
Финска забележа најниска годишна стапка на инфлација во мај, од 0,4%.
Во Летонија цените стагнираа, покажува извештајот на Евростат.