МАЈСКА ПАРАДА ЌЕ ИМА, НО НЕ И НА КРИМ Стравот од офанзива и гневот поради жртвите ги премисли руските власти

Почитувањето на паднатите од претходните генерации лесно може да се разводни и да прејде во разоткривање на тоа колкави се неодамнешните загуби, кои Кремљ се обидува да ги прикрие, забележува британското Министерство за одбрана.

179

Парада за падот на фашизмот на 9 мај годинава ќе има во повеќе градови во Русија, но таа е откажана на полуостровот Крим. Британски претставници на одбраната сметаат дека Кремљ е загрижен поради високите бројки на руски жртви во војната и тоа како јавноста би реагирала на ова, пренесува Њузвик. „Парадите се чувствителен комуникациски предизвик за Кремљ“, се вели во проглас на британското Министерство за одбрана.

„Почитувањето на паднатите од претходните генерации лесно може да се разводни и да прејде во разоткривање на тоа колкави се неодамнешните загуби, кои Кремљ се обидува да ги прикрие“, се додава во ажурирањето во четвртокот, кое ги нагласува руските загуби и украинските придобивки.






Руските власти пак, велат дека парадата е откажана поради безбедносен ризик. Во меѓувреме руските сили поставуваат барикади од т.н. змејски заби преку кои ќе им го отежнат пристапот на украинските тенкови.

Тамила Ташева, главен претставник на украинскиот претседател Володимир Зеленски за Крим, оваа недела рече дека илјадници Руси бегаат од Крим поради очекуваната пролетна контраофанзива на Украина.

Плусинфо веќе пишуваше дека заменик-шефот на кабинетот на Володимир Зеленски за Фајненшл Тајмс изјави дека Украина би разговарала за Крим ако во офанзивата се пробие до границата со полуостровот.

Тоа е сосем различно од изјавата на Михајло Подољак дека „ќе збришеме сè што е руско на полуостровот“. Подољак е висок помошник на Зеленски.

Истовремено, Зеленски изјави дека Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.

Бразилскиот претседател Лула де Силва изјави дека Зеленски не може да бара сè, ниту дека Русија може да ја заземе цела Украина. Според Хенри Кисинџер пак, поранешниот државен секретар на САД, најопасен би било обидот да се истиснат Русите од Крим, нешто што би можело да ја ескалира војната.

Поврзани содржини