Мајмуните заминуваат во пензија, нови животни летнаа во вселенска мисија

Колку повеќе време поминуваат астронаутите во вселената, толку помалку се регулира нивниот имунолошки систем и тие повеќе не препознаваат бактерии, па понекогаш астронаутите се разболуваат - објасни таа

337

Десетина младенчиња од хавајски лигњи одгледани во морската лабораторија на Универзитетот „Кевало“ на Хаваи полетаат во вселената претходно овој месец со пакетот за снабдување за Меѓународната вселенска станица што го носеше вселенското летало „Спејс Х“. По „завршувањето на задачата“, лигњите во јули ќе се вратат на Земјата од Меѓународната вселенска станица.

Научникот Џејми Фостер, којa има докторат на Универзитетот во Хаваи, проучува како летот во вселената влијае на лигњите со надеж дека тоа ќе помогне во зајакнувањето на здравјето на луѓето за време на долгите вселенски мисии, објави локалниот весник „Honolulu Star-Advertiser“.






Лигњите имаат симбиотска врска со бактериите кои помагаат во регулирање на нивната биолуминисценција – светлината што ја испуштаат во темнината на океанот.

– Кога астронаутите се изложени на мала гравитација, односот на нивното тело со микробите се менува – рече Маргарет Мекфол-Нгаи, професор на Универзитетот на Хаваи, каде студиралa Фостер.

– Откривме дека симбиозата на човечкиот организам со нивните микроби е нарушена во микрогравитацијата, а Џејми со лигњите покажа дека тоа е вистина – рече професорот, а како што додаде „бидејќи организмот на лигњи е едноставен, можно е да се разбере што се случува“.

Фостер сега е професор во Флорида и главен истражувач на програмата на НАСА што истражува како микрогравитацијата влијае врз животинско-микробните интеракции.

– Колку повеќе време поминуваат астронаутите во вселената, толку помалку се регулира нивниот имунолошки систем и тие повеќе не препознаваат бактерии, па понекогаш астронаутите се разболуваат – објасни таа.

Фостер рече дека разбирањето што се случува со лигњите во вселената може да помогне во решавањето на здравствените проблеми на астронаутите.

– Постојат аспекти на имунолошкиот систем кои едноставно не работат правилно за време на долгите летови во вселената – рече таа.

Поврзани содржини