Мајмун украл мобилен па снимил урнебесно селфи ФОТО

813

Младиот Малезиец се изненадил оваа недела кога на телефонот, кој исчезнал во текот на викендот, нашол фотографии кои наликуваат на селфи на мајмун.

Закриџ Роџи (20) на социјалната мрежа ТикТок напишал: „Мојот телефон исчезна два дена и мислев дека некој го украл, а погледни кој?! Ова мало мајмунче го украло телефонот кој беше покрај креветот“ .






Закриџ рекол дека во саботата наутро открил дека неговиот телефон исчезнал, а семејството ја пребарало градината на куќата во Бата Пахат во Јохор, јужна малезиска провинција која се граничи со Сингапур.

Еден ден подоцна, тој го открил извалканиот со кал телефон, покриен со лисја и серија фотографии кои наликуваат на мајмунот, кој во еден момент се чинело, дека се обидел и да го изеде ајфонот – чие лого на јаболко може го довел во забуна крадецот.

 

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини