Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјани: Сигурна сум во тоа, но пушев и марихуана

984

Контроверзната пејачка и актерка Мајли Сајрус тврди дека имала контакт со вонземјани и дека тоа искуство било толку вознемирувачко што таа со денови не можела да погледне во небото.

Во интервјуто за магазинот „Интервју“, Сајрус рекла дека имала искуство со вонземјани и опишала како еднаш се возела низ Сан Бернардино со пријател и дека „некакво НЛО ја прогонувало“.






– Мошне сум сигурна во она што го видов, но исто така купив и марихуана од едно момче во комбе, па можно е да е и од тоа – изјавила таа, пренесува „Инди100“.

Таа потоа објаснила како изгледало тоа НЛО и дека „светкало жолто“. Сајрус навела и дека нејзиниот пријател исто така го видел НЛО, како и некои луѓе од другите автомобили.

Пејачката навела и дека воспоставила контакт со очите со вонземјанинот.

„Тој ме погледна и ние воспоставивме контакт со очите и тоа е она што особено ме шокираше, гледајќи во очите на нешто што не можев да си го објаснам што е тоа. Се тресев околу пет дена. Тоа целосно ме уништи. Повеќе не можев да гледам во небото со истите очи. Мислев дека можат да се вратат – рекла пејачката.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини