МАЈКЛ КЛОС И 8 BALLS „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ Богата 7-дневна програма за посетителите на Трпејца

Во наредните седум дена манифестацијата „На зајдисонце“ пред домашната и странска публика ќе прикаже сплет на културни, забавни и спортски содржини.

103

Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот „8balls“ синоќа во охридското село Трпејца почна 11 издание на манифестацијата „На зајдисонце“. Организатор е здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“, со поддршка на Општина Охрид.

Советникот и претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации Перчо Божиноски во име на Локалната самоуправа ги поздрави присутните со уверување дека и годинава културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика.






– Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на Охридското Езеро, што плени со најпрекрасните пејсажи кои природата секојдневно ги подарува, носи едно неописливо чувство на мир и хармонија. Секој момент поминат тука ни носи нова убавина и нова привилегја за неповторливо доживување – рече Божиновски.

На летната сцена вечерва ќе настапат младите од Црвен крст-Охрид со поетско-музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“.

– Со сета своја уникатност оваа крајбрежна населба е своевидна атракција, која незапирливо го привлекува вниманието на гостите и туристите, а ваквите настани само ја надополнуваат и ја збогатуваат туристичката понуда – додаде тој.

Во наредните седум дена манифестацијата „На зајдисонце“ пред домашната и странска публика ќе прикаже културни, забавни и спортски содржини.

Поврзани содржини