Мајкл Китон повторно во улога на Бетмен

553

„Холивуд репортер“ пишува дека Мајкл Китон започнал со преговорите и дека би можел повторно да го глуми Бетмен во претстојниот филм „The Flash“.

Китон претходно го глумеше Бетмен во 90-тите години во филмовите на Тим Бартон. Овој искусен актер е само во преговори за „The Flash“ во кој Езра Милер ќе ја репризира својата улога на Флеш. Меѓутоа, Китон би можел да го глуми Бетмен и во другите филмски проекти.






Милер во улогата на Флеш дебитираше во филмот „Лига на правдата“ во кој Бен Афлек го глумеше Бетмен. Со оглед на годините на Китон, единственото објаснување е дека дел од дејството ќе биде патување низ времето.

Повеќе информации за преговорите на Китон се очекуваат во август.

Од друга страна, Роберт Патинсон работи на филмот „Бетмен“во режија на Мет Ривс. Неговата верзија на херојот ќе биде помлада од онаа на Афлек.

 

 

Поврзани содржини