Холивудскиот ветеран Мајкл Даглас во емисијата на Кели Кларксон ја прераскажал непријатната ситуација што ја доживеал на прославата за матурата на неговата ќерка Кејрис.
Родителите на другите средношколци помислиле дека Мајкл е нејзиниот дедо, а не татко.
– Беше прекрасно, многу сум горд на неа. Но, ми беше малку непријатно и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: „Честитки, сигурно сте горди со својата внука“. Не го сфатив тоа сериозно, тие се обидоа да бидат љубезни – раскажа Мајкл.
View this post on Instagram
Матурската била виртуелна поради пандемијата, а актерот подоцна на Инстаграм објавил семејна фотографија од прославата.
„Кејрис, честитки за тебе и за целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Многу те сакаме и возбудени сме поради твојата иднина, бидејќи најдоброто допрва доаѓа. Тато“, напишал актерот покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Мајкл со сопругот Кетрин Зита Џонс ги има ќерката Кејрис и синот Дилан, а со поранешната сопруга Дијанда Лукер го има синот Камерон.
ФОТО: Инстаграм