МАЈКИТЕ НА РАШКОВСКИ И ПИПЕРАВАЛИЕВ СЕ СЕСТРИ? Дали тоа е причината за дилот за Дрисла, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски повика Антикорупциска да отвори предмет и да ги испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла.

1,146

ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската комисија да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска Дрисла.

– Антикорупциска мора да отвори предмет за механизацијата во Дрисла. Мора да се утврди зошто компанија којашто и сама поседува механизација, за изнајмување на багери за две години исплаќа 850.000 евра на фирма заради којашто менувала и ставки во огласот од Дрисла? Притоа Договорот е склучен во четири очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договорот, директорот на ЈП и генералниот секретар на владата на СДСМ? – праша денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој повика Антикорупциска да отвори предмет и да ги испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла.

– ДКСК мора да одговори дали роднинството меѓу Рашковски и Пиперевалиев е причината за одливање на 850.000 евра од Дрисла? Доколку антикорупционерите не ја завршат улогата за којашто се избрани, тие со своето неделување во случајот се соучесници во процесите на корупција во Македонија – рече Стоилковски, кој повтори дека за да излезе Македонија од кризите во коишто е втурната, решение се само брзи предвремени парламентарни избори.

Поврзани содржини