Мајките на протестот пред владата со празни бебешки шишенца

650

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, попладнево излегоа на протест пред ладата.

Мајките оставија празни шишенца пред владата.






На транспарентите кои ги носеа пишуваше: „Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?“, „Вашите деца не се поважни од нашите?“, „За нашите деца ги спремавте монтажните болници?’, „Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“

Тие бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив, во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември.

 

Поврзани содржини