Мајката убиец на петте деца до својата мајка: Повикај полиција, ти ги убив внуците!
Другите пораки што и ги испратила на нејзината мајка, велат истражителите, покажуваат дека мајката што ги убила своите деца била со сериозно ментално нарушување. Полицијата соопшти дека ги пронашла петте деца во нивните кревети и дека полицајците плачеле кога го напуштиле местото на злосторството.
Нови детали излегуваат на виделина по ужасното злосторство во Солинген, Германија, во кое 27-годишната Кристијане К. најверојатно со таблети уби пет од своите шест деца во својот дом четвртокот. Таа се обиде да се самоубие скокајќи под воз, но преживеа и со сериозни повреди беше пренесена во болница.
Таа ги отрула со таблети своите три ќерки, едногодишните Мелина и Леони, Софи (3) и двајцата синови Тим (6) и Лука (8), додека нејзиниот најстар син Марсел (11) го однела на станицата во Дизелдорф за да го испрати кај својата баба во Менхенгладбах.
– Испратете ја полицијата во станот, ти ги убив петте внука“ и напишала таа на нејзината мајка. Бабата тогаш повикала полиција која ги пронашла мртвите деца во станот.
Другите пораки што и ги испратила на нејзината мајка, велат истражителите, покажуваат дека мајката што ги убила своите деца била со сериозно ментално нарушување.
Полицијата била повикана во нивниот дом во април кога таткото на децата се обидел да се самоубие, но мајката го спречила тоа.
Полицијата соопшти дека ги пронашла петте деца во нивните кревети и дека полицајците плачеле кога го напуштиле местото на злосторството.
– Откривме траги на седација и задушување кај сите пет жртви – соопшти вчера полицијата.
Вчера граѓаните на Солинген доаѓаа цел ден пред зградата каде мајката ги уби своите деца, палеа свеќи и оставаа кадифени мечиња и кукли.