МАЈКАТА СЕ ВАКЦИНИРАЛА, НО СИНОВИТЕ НЕ САКАЛЕ И двајцата починаа во ист ден од ковид-19 (ВИДЕО)

Единственото нешто што Лиза Брендон ги моли луѓето да направат е да се вакцинираат и никој повеќе да не ја преживува болката што таа ја чувствува во овие моменти.

4,549

Двајцата невакцинирани синови на самохраната мајка Лиза Брендон од Џексонвил починаа од коронавирусот за само 12 часа, а нивната мајка рече дека тоа низ што таа поминува е „најлошиот кошмар на родителите“.

Лиза беше вакцинирана, но нејзините синови Арон (35) и Фри (41) не сакале. Во јули, тие се разболеле од овој злобен вирус, двајцата имале тешка билатерална пневмонија и многу брзо биле поставени на респиратор и на одделот за интензивна нега.






За жал, тие не успеаја да се спасат. Фри почина на 12 август, а Арон само 12 часа подоцна.

– Ова е ужасно. Ги сакам моите момчиња. Никогаш не стигнаа дома – рече Лиса, која за „WJXT“ рече дека ја примила вакцината и имала благи симптоми на корона, додека нејзините синови дури и не сакале да слушнат да се вакцинираат.

– Мислам дека денес ќе беа живи доколку беа вакцинирани. Посакувам да можам да ги натерам да го направат тоа, но сега е предоцна – истакна таа.

Отворена е сметка организирана од „GoFundMe“ за да и помогне на Лиза и да собере средства за погребот на нејзините два сина.

За да бидат работите уште полоши, Арон и Фри починаа пет години по смртта на уште еден од синовите на Лиза, Дејвид.

– За жал, нејзиниот син Дејвид почина пред околу пет години. Иако неговата смрт беше страшен удар за семејството, Лиза се пресели кај двата преостанати сина и сите се грижеа еден за друг. Сега и двајцата се мртви – наведе пријателката на Лиза, Британи Пекинот на страницата „GoFundMe“.

Поврзани содржини