„МАЈКАТА ОД ПЕКОЛОТ“ ВИНОВНА И ЗА НИВНОТО РАСКИНУВАЊЕ Дуа Липа и Анвар Хадид си кажаа збогум (ФОТО)
Како што пренесуваат странските медиуми, британската пејачка со албанско потекло ја напуштил манекенот по две години врска.
Пејачката Дуа Липа раскина со братот на познатите сестри манекенки Бела и Џиџи Хадид, Анвар Хадид.
Како што пренесуваат странските медиуми, британската пејачка со албанско потекло ја напуштил манекенот по две години врска. Парот наводно доживеал голема криза во последните недели и потоа донел одлука.
View this post on Instagram
Наводно, главната причина за раскинувањето е мајката на Анвар, Јоланда Хадид, но во јавноста протекоа и информации дека парот неколкупати раскинувал и се смирувал, иако тоа вешто го криеле од јавноста. Имено, тие беа еден од најслатките и највљубените парови на социјалните мрежи, па оваа вест беше многу изненадувачка.
Меѓутоа, ова е само еден во низата докази дека социјалните мрежи често покажуваат искривена реалност.
View this post on Instagram
Дуа во последните месеци снимаше нов албум во Лос Анџелес, додека Анвар беше во Њујорк. Интересно е тоа што парот се почнал заедно да живее за само два месеца по почетокот на врската. Пејачката беше долгогодишна пријателка на сестрите на Анвар, но нивната врска почна дури кога таа ја раскина долгогодишната врска со готвачот Исак Керју.
Меѓутоа, не требаше долго да започнат приказните за тоа како неговата мајка, поранешната манекенка Јоланда Хадид, се вмешала во нивната врска и раскинувањето. Поради сето ова, Јоланда ја нарекуваат „мајката од пеколот“, но има многу работи од минатото кои ѝ го донеле овој неубав прекар.
Јоланда често можеше да се види како се дружи со синот и Дуа, но нејзините потези на Инстаграм фрлаат сомнеж дека тие двајца се согласуваат.
Таа во една прилика ја отсече пејачката од фотографија и го сподели само синот, а ова не е единствен пат да направи такво нешто. Веќе подолго време се шпекулира дека Јоланда не ја сака Липа, иако во јавноста се однесувале како „големо, среќно семејство“.
Веста за раскинувањето на Џиџи и Зејн излезе на виделина во октомври оваа година, откако пејачката физички ја нападна Јоланда. „Бегај од мојата ќерка, холандска к…о“, наводно ѝ рекол тој на поранешната манекенка Јоланда Хадид, која го пријавила во полиција. Според полицискиот извештај, младиот пејач ја навредувал и својата девојка.
Но, тој физички ја нападнал и Јоланд и ја турнал во плакарот. Тој и се налутил на Џиџи наводно затоа што не сакала да застане покрај него. На крајот пејачот се судрил и со телохранител. Зејн доби условна казна од една година и 90 дена за секое дело. Покрај тоа, тој ќе треба да посетува курс за управување со гнев, како и програма против семејно насилство.