Мајката на трите деца на Флојд Мејведер пронајдена мртва во автомобил

1,084

Поранешната девојка на боксерската легенда Флојд Мејведер, Џози Харис е пронајдена мртва во автомобил пред нејзиниот дом во Валенсија, Калифорнија.

Џози и Флојд имаат три деца.






Џози Харис (40) е пронајдена мртва во автомобилот паркиран пред нејзината куќа, откако загрижените соседи повикале полиција.

Полицијата пристигнала во нејзиниот дом во 21:30 часот во вторникот и ја пронашле во нејзиниот автомобил. Првите извештаи велат дека не се води кривична постапка, туку само се води истрага за утврдување на причината на смртта.

Овој случај го карактеризираат како сомнителен.

Џози и Флојд имаа многу турбулентна врска, со насилнички испади. Боксерот во 2010 година помина два месеци во затвор поради напад на Џози, кој раскажала дека редовно ја тепал, понекогаш и пред децата.

Флојд одлучно негирал дека некогаш ја нападнал Џози, тврдејќи дека секој пат, всушност, се обидувал да се контролира, бидејќи била под дејство на дрога.

Џози, по интервјуто во кое боксерот ја обвини за дрогирање, го тужеше и бараше 20 милиони долари отштета. Тој случај сѐ уште траеше пред судот во моментот на нејзината смрт.

– Дали издржував жена која се дрогира? Да. Доколку тоа се смета за семејно насилство, тогаш виновен сум – рекол.

Боксерот трвдел дека е осуден само поради неговиот изглед.

Двојката не комуницираше во последните години освен кога Флојд Мејведер ги земаше неговите деца.

 

Поврзани содржини