МАЈКАТА НА РОНАЛДО ЗАПЛАКА НА „ОЛД ТРАФОРД“ Дебито на фудбалерот во дресот на Манчестер Јунајтед ги израдува навивачите
Роналдо даде два гола кои придонесоа за победата на Манчестер Јунајтед над Њукасл (4-1).
Кристијано Роналдо, бше причина за радост на навивачите на Манчестер Јунајтед, но и на неговата мајка која го следеше натпреварот со Њукасл од вип-ложата.
Роналдо даде два гола кои придонесоа за победата на Манчестер Јунајтед над Њукасл (4-1). Трибините на „Олд Трафорд“ грмеа по головите на Роналдо, а доста емотивно ги доживеа и неговата мајка.
Долорес, мајката на фудбалерот уживаше во играта на својот син, но истовремено пролеа и солзи радосници.