МАЈКАТА НА НАВАЛНИ ЈА ТУЖЕШЕ УПРАВАТА НА ЗАТВОРОТ Рускиот суд експресно ја отфрли тужбата

Мајката на починатиот опозиционер Алексеј Навални, Људмила тврди дека тој немал соодветна медицинска нега во затворот во кој тој почина во февруари.

111

Судот во Русија денеска ја отфрли тужбата поднесена од мајката на починатиот опозиционер Алексеј Навални, Људмила. Во тужбата се тврдеше дека Навални во затворот не добил соодветна медицинска нега.

Иван Жданов, директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, основана од Навални, изјави дека судот во градот Лабитнанги, во близина на арктичкиот затвор каде што во февруари почина Навални, ја отфрлил тужбата. Во образложението се наведува дека само Навални може да биде тужител.






– Алексеј поднесе голем број тужби против управата на затворот за необезбедување медицинска нега. Тие тврдења беа отфрлени. Сега кога тој е убиен, тврдењето на неговото семејство се отфрла со потсмев – напиша Жданов на Телеграм.

Навални, кој беше најпознатиот противник на претседателот Владимир Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна во моментот на неговата смрт. Тој во затвор беше од јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се заздравуваше од труење со нервен агенс, за што го обвини Кремљ.

Поврзани содржини