📷 📽️ МАЈКАТА НА ЛИЈАМ ПЕЈН НЕУТЕШНА НА ПОГРЕБОТ НА СВОЈОТ СИН На последното испраќање на пејачот дојдоа и поранешната и сегашната партнерка

Британскиот пејач Лијам Пејн беше погребан вчера на приватна церемонија. 

960

Британскиот пејач Лијам Пејн беше погребан вчера на приватна церемонија.
Родителите на трагично починатиот пејач Карен и Џеф Пејн беа снимени на погребот на Лијам во Вулверхемптон.






Карен неутешна и расплакана цело време се потпирала на Џеф, присутните ги тешеле изразувајќи им сочувство, а во еден момент им пришол Сајмон Кауел и ги прегрнал. Кауел видно скршен поради смртта на Лијам, не можел да се воздржи пред родителите на пејачот. Имено, Сајмон Кауел ја откри и ја основаше групата „Уан дирекшн“ во која се прослави Лијам Пејн.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine UK (@ok_mag)


Ковчегот на Лиам Пејн беше донесен со бела кочија. На ковчегот имало два цветни аранжмани. Едниот, ставен на ковчегот во име на синот на Лијам, Беар, со натпис „тато“, а другиот, во име на родителите на Лијам со натпис „син“.

 


Хари Стајлс и Луис Томлинсон, неговите колеги од „Уан дирекшн“, беа меѓу првите кои се појавија на погребот на Лијам. Недолго потоа се појавија и Зејн Малик и Најл. На погребот е снимена и неговата девојка Кејт Кесиди која била со него во Аргентина. Со неа дошол и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


На погребот присуствуваше и британската пејачка Шерил Кол (41), со која Лијам го доби синот Бер. Придружувана беше од нејзините поранешни колеги од бендот „Грлс алауд“, кои дојдоа да ја поддржат.

Потсетуваме, Лијам Пејн загина трагично на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотелот „КасаСур“ во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

Поврзани содржини