МАЈКАТА НА КОСТА К. БИЛА ВЕШТАК ВО СЛУЧАЈ ПРОТИВ БЕЛИВУК? Српските медиуми ја поврзуваат со скандал со криење ДНК-наоди
Српските медиуми шпекулираа и дека дел од наодите со ДНК за убиството на картаистот Милошевиќ исчезнале, но тоа го демантираше шефицата на форензичкиот тим, Милица Кецкаревиќ Марковиќ.
Мајката на 13-годишниот Коста К. кој изврши масакр во основно училиште во Белград била еден од трите вештаци кои анализирале друго познато убиство во Србија од 2017 година – убиството на каратистот Властимир Милошевиќ за кое беше обвинет Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, пишува Мондо.
Милошевиќ беше застрелан со автоматски пиштол „шкорпион“. Убиецот испукал 10 истрели од кои седум го погодиле телото, а еден го погодил под брадата. Тешко ранетиот Милошевиќ стигна до трамвајските пруги пред да падне на асфалтот поради обилно крварење. Убиецот го стигнал и му испукал уште шест куршуми во главата, а потоа избегал на соседната улица каде го чекала автомобил.
Подоцна, автомобилот беше пронајден запален. Апсењето на Беливук и неговите врски со подземјето и можните врсти со власта беа топ-тема во српските медиуми. Чудно беше и што Беливук беше обвинет за помагање во убиството, но не за неговото извршување.
Српските медиуми шпекулираа и дека дел од наодите со ДНК исчезнале, но тоа го демантираше шефицата на форензичкиот тим, Милица Кецкаревиќ Марковиќ.
За време на сведочењето на Срѓан Лалиќ, сведок-обвинет во постапката што сега се води против кланот на Вељко Беливук, тој рече дека не знаел дека ќе го убијат каратистот Милошевиќ туку мислел дека само ќе го повредат.