Во целина ја пренесуваме реакцијата на Михаела Довичинска, чија 41-годишна мајка почина во штипската болница од ковид-19 молејќи за кислород.
„Не можев да ги премолчам вчерашната прес – конференција на телевизија Сител на нашиот министер за здравство Венко Филипче на која не знам зошто беше изигнорирано прашањето на новинарот „Дали е нормално на една иста линија да се бараат информации за пациентите и самите пациенти да бараат ПОМОШ на истата таа линија?“ Се надевам дека одговорот не е дека сме во вонредна состојба и дека персоналот работи под притисок. Ова не е одговорот ниту јас што го барав, ниту новинарот НИТУ ЦЕЛАТА НАША ДРЖАВА. Одговор на новинарското прашање и на МОЈАТА МОЛБА УПАТЕНА КОН ВАС сѐ уште ќе чекаме почитуван министре.
Потоа… НЕ МОЖАМ да останам глува и нема за изјавата на директорот на штипската болница, доктор Ален Георгијев, дека „Кога на некој пациент ќе му биде потребна медицинска сестра, тој врти на телефонот и потоа сестрата се облекува во скафандер и оди во собата, за да му помогне ако има болки или некоја потреба“.
Значи, прво ме интересира и мене, а видовме дека ги интересира и сите други КАКО ЗА ВАС Е НОРМАЛНО пациент ДА ВРТИ НА ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДА ДОБИЕ ПОМОШ? Што правиме, не со мајка ми, туку СО СИТЕ ПАЦИЕНТИ кои СЕ БЕСПОМОШНИ ДА ВРТАТ НА ТЕЛЕФОН? Второ, КАДЕ ВИЕ ДИРЕКТОРЕ ВО ПОВИЦИТЕ НА МАЈКА МИ ВО СРЕДАТА ОД 02:45 – 02:59 ГЛЕДАТЕ ДЕКА „сестрата се облекува во скафандер и оди во собата, за да му помогне на пациентот“. КОГА? После 4-5 обиди во текот на 15 минути?? Срамно и жално.
Друго, КАКО според Вас е нормално дури и во вонредна ситуација дури и под ваков притисок ДА ДОЗВОЛИТЕ ДА НЕМА БОЦА СО КИСЛОРОД ЗА НЕКОЈ ПАЦИЕНТ? И не, не пишувам само за да напишам статус и не зборувам само вака. Зборувам за работи кои ги имам слушнато од мојата мајка. Едно од утрата кога уште можеше да ни се јавува, не се јави во часот во кој обично ни се јавуваше околу 7 наутро и ние ја побаравме малку покасно и знаете кој беше нејзиниот одговор? „Не ве побарав затоа што НЕМАА кислород од сабалје па ми имаа уклучено две инфузии, не ми беше баш добро ама сега подобра сум, донесоа, за брзо ќе ми биде во ред“. НЕМААТ КИСЛОРОД? НЕМААТ БОЦИ СО КИСЛОРОД И ПАЦИЕНТИТЕ ЧЕКААТ ДА ИМ ПРИСТИГНАТ БОЦИТЕ ТАКА? Колку е ова нормално?? Колку животи висат на конец во моментите во кои Вие чекате да Ви достават кислород? Да, јас знам дека сме во вонредна состојба, знам дека никој не го очекувал ова, но таа неспремност со колку човечки животи треба да се плати? Со колку мајки? Со колку татковци? Со колку баби и дедовци? Со која бројка на починати?