МАЈКАТА ИЗЛЕГЛА ВО ДВОР ДА ГЛЕДА ОГНОМЕТ СО ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ Слушнала звук по што забележала крв од главата на детето

3,944

Мајката на двегодишното дете, кое почина поради повреда во главата, ѝ кажала на полицијата дека пред полноќ излегла пред дворот од куќата со детето за да гледа огномет, по што слушнала звук и забележала крв од главата на детето.

Полицијата соопшти дека на 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје.






Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.

Во полициска станица бил извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26).

Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини