Пронајдените тела на петте деца во зграда во градот Солинген во Германија биле убиени од сопствената мајка.
Децата имале меѓу една и осум години, соопшти полицијата и додаде дека единаесетгодишното дете, најверојатно братче на убиените деца, е најдено живо во станот.
Германските медиуми информираат дека за грозоморното злосторство на мајката, известола бабата на децата, која им кажала на полицајците дека нејзината 27-годишна ќерка си ги убила петте деца и заминала во непознат правец со шестото дете.
„Билд“ пишува дека мајката подоцна се фрлила под воз во Дизелдрф и дека со тешки повреди е однесена во болница.
Полицискиот портпарол од соседниот град Вупертал изјавил дека телата се најдени во приватен стан во зграда, без да изнесе повеќе информации за случајот.