„МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЌЕ ИМА ДВЕ КОМПРЕСОРСКИ СТАНИЦИ Едната ќе биде нова, а другата сервисирана
Така што се надевам дека ќе имаме не една, туку две компресорски станции. Една нова и една сервисирана што ќе ни служи како „бекап“, евентуално ако не функционира едната, веднаш да се активира другата, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Ќе имаме две компресорски станици, нова и сервисирана“.
Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој одговараше на новинарски прашања пред Клиниката за онкологија.
– До крај на јануари треба да заврши компанијата. Се работи… компанијата што е задолжена. Така што се надевам дека ќе имаме не една, туку две компресорски станции. Една нова и една сервисирана што ќе ни служи како „бекап“, евентуално ако не функционира едната, веднаш да се активира другата – подвлече Таравари.
Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.