МАЈКА СО НОЖ ГО НАПАДНА СИНОТ Полицијата приведе 62-годишна жена од Дебар

Семејна расправија во Дебар прерасна во насилен напад, мајка со остар предмет го повредила својот син, заврши во полиција.

509

Жестока семејна расправија во Дебар ескалирала во насилен инцидент, кога 62-годишната Т.В. го нападнала својот 31-годишен син со остар предмет и му нанела повреда. Инцидентот се случил вчера во семејниот дом во Дебар околу 15:30 часот, а полицијата интервенирала еден час подоцна и ја привела жената.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот е регистриран и се работи на целосно документирање на случајот.






„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Повредениот син засега не е хоспитализиран, а не се објавени детали за степенот на повредите.

Поврзани содржини