📷 МАЈКА СИ ЈА СПАКУВАЛА ЌЕРКА СИ ВО ГЕПЕК Цариниците на Меџитлија уловија „слеп патник“

Царинскиот службеник се посомневал во изјавата на жената и решил да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото ја пронашол 23-годишната девојка.

1,375

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички, соопшти Царинската управа.

„Во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23)“, се наведува во соопштението од Царината.






За случајот била известена полициската станица на ГП Меџитлија на која ѝ бил предаден за натамошно постапување.

 

Поврзани содржини