МАЈКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА ЌЕРКА Ѝ Е НА ОПЕРАЦИЈА Измамник ѝ зел 20.000 евра на битолчанка

Мајка од Битола остана без целата заштеда по телефонски повик во кој измамник ѝ лажирал тешка несреќа на нејзината ќерка.

0

Повозрасна жена од Битола била измамена и останала без 20.000 евра, откако непознат измамник ја убедил дека нејзината ќерка доживеала тешка несреќа и веднаш ѝ биле потребни пари за итна операција. Жената, загрижена за здравјето на своето дете, без двоумење ги оставила парите на местото што ѝ го кажал повикувачот, а дури подоцна сфатила дека станува збор за класична измама.

Според податоците од полицијата, измамникот ѝ се јавил и ѝ кажал драматична приказна: нејзината ќерка „паднала по скали, ја искршила вилицата и ногата, и мораат итно да ѝ стават златни шипки“. Жената, преплашена, поверувала во измислениот медицински сценарио и ја предала целата заштеда, сметајќи дека ја спасува својата ќерка.






Кога подоцна лично ѝ се јавила ќерката, станало јасно дека ништо од тоа не е вистина. Тогаш 70-годишната битолчанка пријавила измама во полиција.

Од СВР Битола велат дека се работи за познат модел на телефонски измами насочени кон постари лица

„Апелираме граѓаните да бидат внимателни и веднаш да нè известат доколку добијат вакви сомнителни повици“, наведуваат од полицијата.

Поврзани содржини