МАЈКА ПОКАЖАЛА КАКО ГО УЧИ ДЕТЕТО ДА НЕ ДОПИРА ШТЕКЕРИ Луѓето се згрозени

Да, да, велат некои родители, ако го исплескате по газот можеби нема да фаќа штекери, ама ќе стане насилник. Што мислите вие, кој е вашиот начин?

391

Штекерите се многу интересни за бебињата и малите деца, но возрасните знаат колку можат да бидат опасни за децата. Кога станува збор за струја, многу е важно да ги научите децата на некои безбедносни правила, а идеите како да се постигне тоа варираат од родител до родител.

Така, една мајка ги разбранува страстите објавувајќи видео на ТикТок во кое покажа како да го учи детето да не ги турка прстите во штекер. На постарата ќерка ѝ дала кукла, таа се преправала дека ги турка прстите на бебето-кукла во штекерот, па со влечката по газот „ја казнила куклата“. Помладото братче внимателно ја следи ситуацијата и наводно, треба да сфати дека ако се приближи до штекерот и него ќе го снајде истата судбина, односно, ќе си добие по газот.






Видеото за месец и половина собрало дури 41 милион прегледи, но предизвикало и негодување кај повеќето луѓе.

Погледнете го видеото на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини