„МАЈКА МУ ГО ДАВА, СЕЛО НЕ ГО ДАВА“ Реал се откажува од Мбапе, ПСЖ му понуди 100 милиони евра годишно

Реал Мадрид знае за ова, но не може да му ја даде истата понуда на играчот. Мадрид се надева дека Килијан ќе биде привлечен од богатата историја на клубот, како и од идниот потенцијал на клубот.

1,011

ПСЖ му го понуди на Килијан Мбапе најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот. Според „The ​​Independent“, парижаните на напаѓачот му понудиле договор вреден 100 милиони евра годишно.

Реал Мадрид знае за ова, но не може да му ја даде истата понуда на играчот. Мадрид се надева дека Килијан ќе биде привлечен од богатата историја на клубот, како и од идниот потенцијал на клубот.






Претходно беше објавено дека Пари Сен-Жермен му понудил на Мбапе договор со плата од 50 милиони евра и бонус за лојалност од 100 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот фудбалер во тековната сезона на 24 натпревари за парискиот клуб, постигна 14 голови 10 асистенции.

Поврзани содржини