На 03.01.2021 во 20.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на ул.„Призренска“ биле пронајдени починати Љ.Б.(91) и нејзиниот син М.Б.(57), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, наведено е во полицискиот билтен.