МАЈКА ГО ИЗБРИША АЕРОДРОМСКИОТ ПОД ВЛЕЧЕЈЌИ ГО СВОЕТО ДЕТЕ Интернет заедницата со поделени ставови
Мајка која го влече својот мал син на поводник низ аеродромот ги подели луѓето и предизвика дебата за нејзината постапка. Што мислите вие за ова?
Контроверзното видео на кое една мајка го влече своето мало дете на поводник низ аеродром беше објавено на ТикТок и собра милиони прегледи и илјадници коментари.
„Тешко е да го напуштиш Канкун… Те разбирам пријателе“, пишува во описот на видеото во кое жена го влече својот син по подот со поводник врзан за неговиот ранец, кој очигледно одбива да оди. Три или четиригодишно момче целосно се опуштило и изгледа како да му е сосема сеедно што се случува. Случајните минувачи зачудено ја гледаат оваа необична глетка, а коментарите на социјалните мрежи се различни, некои ја сфаќаат мајката, а некои ѝ забележуваат за постапката.
„Како мајка се согласувам со ова“, „И јас ќе го направев тоа“, напишале оние кои ја поддржуваат постапката на мајката.
Повеќе за ова можете да прочитате на порталот „Мајка и дете“.