Мајка донела мртво бебе во кичевската болница, гостиварка настрада во пожар

1,070

Во кичевската болница вчераутро мајката А.К.(22) од село Лешница, донела бебе на лекар. Кај бебето била констатирана смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Кичево. По наредба на јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција.






Вчера во 07.05 часот во СВР Тетово, Т.А.(38) од Гостивар пријавил дека во зграда на Илинденска во Гостивар, во која што е управител, во текот на ноќта настанал пожар во стан при што внатре била пронајдена мртва З.А.(65) од Гостивар, како последица на опожарувањето.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар.

Поврзани содржини