МАЈКА, ДЕТЕ И ПОЛИЦАЕЦ СЕ НА КЛИНИЧКИ Гореше куќа во Скопје, вдишале чад

475

На 03.01.2025 година во 10.16 часот во СВР Скопје, Е.Ј.С. од Скопје, пријавила дека на улица Александар Македонски во Скопје настанал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С.(49) од Скопје.

Во куќата се наоѓале нејзиниот 12-годишен син и нејзината мајка, В.Ј.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници при СВР Скопје, двете лица биле безбедно извлечени од куќата и со Итна медицинска помош истите биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, заради вдишување на чад, заедно со уште еден полициски службеник, кој исто така вдишал чад“, информира МВР.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.






Поврзани содржини