📷 МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

„Оброкот“ е објавен од „Тајсон 2.0“ - компанија за канабис основана од поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон.

445

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон има нов производ од канабис – оброк во облик на гризнато уво, објави порталот Скај њус.

„Оброкот“ е објавен од „Тајсон 2.0“ – компанија за канабис основана од самиот Тајсон.






Со овој бизарен производ, Мајк Тајсон си прави пародија сам за себеси бидејќи и тој гризнал уво на боксерски натпревар, двапати, поточно на натпреварот против боксерот Евандер Холифилд во 1997 година кога Тајсон двапати му го гризнал увото на противникот.

Производот доаѓа во вкусови, вклучувајќи и вкус на црна бобинка, кисело јаболко и на лубеница.

Производот може да се нарача од онлајн продавницата на компанијата.

Поврзани содржини