МАЈК ТАЈСОН ПАДНА НА КОЛЕНА Годините си го направија своето
Борбата се одржа на боксерска вечер во Арлингтон (Тексас, САД) и траеше осум рунди.
Блогерот Џејк Пол победи во бокс меч со поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон. Тројцата судии гласаа во полза на Пол (80:72, 79:73, 79:73).
Борбата се одржа на боксерска вечер во Арлингтон (Тексас, САД) и траеше осум рунди.
– Не сум изненаден што се случи ова. Не се обидував никому ништо да докажам, само мило ми е што успеав да се борам. Пол е добар борец. Дали е ова крај на кариерата? Зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е мојата последна борба – изјави Тајсон по мечот.
За 27-годишниот Пол оваа победа беше 11. во професионалниот ринг, има и еден пораз.
Педесет и осумгодишниот Тајсон го претрпе седмиот пораз во кариерата, има 50 победи од кои 44 со нокаут.