11 ЖЕНИ СЕ ПОЖАЛИЛЕ ДЕКА СЕКСУАЛНО ГИ ВОЗНЕМИРУВАЛ Поранешниот гувернер на Њујорк Куомо доби прекршочна пријава

Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата.

689

Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, е поднесена прекршочна пријава пред судот во Албани, соопшти денеска портпаролот на судовите во државата Њујорк.

„Бидејќи се работи за сексуално кривично дело, наскоро ќе биде одстапна и редигираната жалба“, наведе портпаролот Лусијан Чалфен во изјавата испратена по електронска пошта, пренесуваат британските медиуми.






Портпаролите на Куомо не беа веднаш достапни за коментар.

Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата.

Неговото заминување уследи по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, кажа дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.

Поврзани содржини