М-НАВ ПОКАЖУВА ДЕКА СДСМ И ДУИ НЕ СЕ ЕВРОПСКИ ФРОНТ Ковачевски не смее да зборува без Ахмети, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби - снаа, Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ - две снаи и син, Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук, Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук. Ама Ковачевски не смее глас да пушти, не бил портпарол, реагираше Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети. Уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му било гајле за ставот на премиерот! Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби – снаа, Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ – две снаи и син, Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук, Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук. Ама Ковачевски не смее глас да пушти, не бил портпарол – реагираше Стоилковски.
Ова е шемата по која што функционира лажниот европски фронт, додаде тој.
– Министри вработувале по два-тројца роднини во М-НАВ, а потоа „не им е гајле” што мисли премиер. Ковачевски не смее збор да каже за министри и функционери на ДУИ дури и кога тепаат во контролна кула за летање. СДС и ДУИ не може да се европски фронт, затоа што тоа е коалиција на бандитизмот! Ова е класичен бандитизам со којшто функциите губат значење. Ваков бандитизам прави на народот да му се гади и затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме! – изјави Стоилковски.