МЈАНМАР Е НОВОТО БУРЕ-БАРУТ НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК Кина и Индија најдоа поле за мека пресметка
И Пекинг и Њу Делхи дадоа одредена поддршка на воената влада во соседството во обид да ги контролираат борбите и да го спречат нивното прелевање, додека се обидуваат да обезбедат режимот целосно да не потпадне под влијание на другата страна.
Кина и Индија се најдоа вмешани во битка за влијание во соседен Мјанмар. Во тропските џунгли зад нивната заедничка граница беснее герилска војна. „Њузвик“ ја анализира историјата и потенцијалот оваа држава да се претвори во ново буре-барут на Далечниот Исток во време кога расте нетрпеливоста во Тајванскиот теснец, Јапонија купува ракети „томахавк“, а Северна и Јужна Кореја испукуваат ракети во Жолтото Море.
Пекинг и Њу Делхи не можат да се договорат за нивната граница која поминува низ Хималаите. Сега Мјанмар ризикува да стане пион во шахот на геополитиката.
Прво, во 2021 година изби граѓанска војна по воениот удар во земјата. Со ударот беше соборена демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи. Конфликтот доби нова димензија со неодамнешните откритија за индиска продажба на гориво и оружје на мистериозни ентитети кои стојат зад хунтата која го изврши ударот.
Оттогаш и Пекинг и Њу Делхи дадоа одредена поддршка на воената влада во соседството во обид да ги контролираат борбите и да го спречат нивното прелевање, додека се обидуваат да обезбедат режимот целосно да не потпадне под влијание на другата страна.
Кина реши дека сака да разговара и со двете страни, и со хунтата и со бунтовниците, етнички групи кои се опишаа себеси како бунтовници. Индија, од своја страна, извезе воена помош во Мјанмар вредна 51 милион долари, како поддршка на хунтата, вели извештај на Обединетите Нации.
Индија, сепак, нагласи дека сака демократски избрана влада во Мјанмар.
Ангшуман Чудхури, соработник во тинк-тенк Центарот за политички истражувања во Њу Делхи, хунтата е целосно непопуларна во Мјанмар, „а реалноста на земјата драматично се промени во последните неколку месеци во корист на продемократскиот отпор“.
Но, според Апарна Панде, режимот во Мјанмар „е свесен за стратешкиот натпревар меѓу Индија и Кина и ќе се обиде да ги изигра земјите една против друга за да добие придобивки и од двете“.
Аналитичарот Јун Сун, директор на Кинеската програма во тинк-тенкот Стимсон Центар во Вашингтон, смета дека Пекинг и Њу Делхи не мораат да бидат непријатели во оваа ситуација.
– Конкуренцијата во Мјанмар не беше меѓу Кина и Индија. Наместо тоа, според кинескиот поглед, таа беше меѓу Кина и САД. Кина не гледа дека Индија има толку многу ресурси или волја да ги искористи тие ресурси во Мјанмар.
На терен, бунтовничката офанзива позната како „Операција 1027“, започната кон крајот на октомври, ја потресе војската на Мјанмар, која ги загуби клучните пунктови и граничните премини во близина на Кина и Индија. Освен бегалците, забележани се и трупи на бурманската хунта како бегаат во Индија, Кина и Тајланд.
Во четвртокот, воен авион на Мјанмар ја прегази пистата на аеродромот Ленгпуи во североисточната индиска држава Мизорам, при што беа повредени најмалку 14 лица во него. Авионот бил таму за да ги врати војниците кои избегале од конфликтните зони.
Обединетите Нации минатиот месец процениле дека граѓанската војна веќе испратила илјадници бегалци да избегаат во соседните земји и раселени речиси 2 милиони луѓе во самиот Мјанмар.