Лути купувачи исфрлија жена од продавница: Марш надвор, каде ти е маската? (ВИДЕО)
Видеото од овој настан беше објавено на „Фејсбук“, па затоа брзо стана вирално, додека луѓето кои коментираа беа поделени.
Група купувачи во продавница за прехрамбени производи во Њујорк вербално нападнале жена која пазарувала без заштитна маска. Тие викале на неа додека таа не ја сврте количката и отиде во спротивна насока.
Видеото од овој настан беше објавено на „Фејсбук“, па затоа брзо стана вирално, додека луѓето кои коментираа беа поделени, пишувајќи дека станува збор за дивјак чин, а има и такви кои мислат дека „непослушните“ конечно треба да бидат запрени, пишува „Хафпост“.
– Еве што се случува на островот Статен ако не носите маска во маркет – напишала жената која го објавила видео кое го направила додека пазарувала со нејзината пријателка, на кое се гледа како група од неколку лица напаѓаат жена без маска викајќи и да си оди. Покрај тоа, тие ја „почестија“ со навреди и погрдни зборови.
Видеото привлече големо внимание на јавноста, бидејќи оваа изненадувачка сцена потсетува на демонстрациите што неодамна ги спроведоа маскирани лица, протестирајќи против мерките за здравјето и безбедноста со кои ќе се запре ширењето на вирусот ковид-19.
Жената која го објави видеото напомена дека разбира дека луѓето се загрижени, но дека нема причина тие да се однесуваат така … особено како дечкото што и вика и ја навредува жената.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, во понеделникот изјави дека нема да дозволи островот Статен да ги отвори деловните активности пред остатокот на градот, како што бараа локалните пратеници. Тие тврдат дека одредени безбедносни параметри се веќе исполнети. Но, Куомо рече дека градот мора да се движи со еднинствено темпо, поради патувањето меѓу градските области.
Скоро 800 жители во округот Ричмонд во државата Ајленд починаа од ковид-19, што го става на 25-то место на списокот на окрузи во државата со најголем број смртни случаи.