ЛУНА, АНА И ХАНА Вака ќе се викаат трите лавчиња во Зоолошката во Скопје
Имињата Луна, Ана и Хана биле меѓу најчесто повторувани во 3.000 предлози од јавноста на Фејсбук и во кутиите поставени пред Зоолошката градина, па затоа биле избрани.
Луна, Ана и Хана ќе се викаат трите женски лавчиња од Зоолошката градина во Скопје. Граѓаните доставиле 3.000 предлози за имиња во кутиите оставени пред влезот на Зоолошката, но и на Фејсбук. Имињата Луна, Ана и Хана биле меѓу најчестите во предлозите, па затоа биле избрани. Зоолошката им благодари на граѓаните што биле креативни и „што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата на овие три мали убавици“.