ЛУКСУЗНО И БАЈКОВИТО Роналдо и Џорџина уживаат во палата

438

Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез се преселија во Саудиска Арабија во јануари, откако тој потпиша договор со саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср.

Двојката објави како ужива во својот рај во Саудиска Арабија – во раскошен дом со 17 соби, каде со децата пливаат во базен, а зад нив се гледа паркинг плацот на Роналдо со луксузните автомобили во колекцијата.






Џорџина позира во провокативно издание во бикини и покажува дека живее во кралско сместување од каде има спектакуларен поглед на главниот град Ријад.

Пред извесен период во медиумите излегоа гласини дека Роналдо е уморен од Џорџина, ама овие фотографии покажуваат дека живеат бајковито.

Поврзани содржини