📷 ЛУКСУЗ ВО БОРДО Згодната актерка Софија Вергара го освои Париз со својата модна комбинација
Бордо стана синоним за софистицираност и силно изразена елеганција, моќ и луксуз. И дизајнерските куќи како „Ив Сен Лоран“, „Ферагамо“, „Гучи“ и „Том Форд“ го потврдија трендот со таа боја, создавајќи привлечни парчиња облека со нијанси на бордо на своите модни ревии во изминатава 2024 година, коишто ги воодушевија модните критичари ширум светот.
Бордо e бојата што беше апсолутен хит оваа есен, а се чини совршена и за зимскиве денови, како што тоа го докажа Софија Вергара. Колумбиската глумица го привлече вниманието со својот бордо фустан по роденденската вечера во Париз каде што присуствуваше оваа сабота.
Актерката се прошета во тесниот фустан, со цветен украс на вратот, а фотографите ја сликаа додека го напушташе ресторанот „Монден“ во француската престолнина. Таа ја усогласи тоалетата со елегантен „макси“ капут во истата нијанса и со мала сребрена чанта.
View this post on Instagram
Бордо стана синоним за софистицираност и силно изразена елеганција, моќ и луксуз. И дизајнерските куќи како „Ив Сен Лоран“, „Ферагамо“, „Гучи“ и „Том Форд“ го потврдија трендот со таа боја, создавајќи привлечни парчиња облека со нијанси на бордо на своите модни ревии во изминатава 2024 година, коишто ги воодушевија модните критичари ширум светот.
Познатите дами како Кејт Мидлтон ја истакнаа бојата во неколку наврати, а сега и Софија покажа како да се комбинира или да се носи цела облека во само една боја, велат познавачите.
View this post on Instagram