ЛУКСУЗ ОД 2.800 ФУНТИ Кејт Мидлтон во златен фустан на премиерата на филмот за Џејмс Бонд

Војвотката од Кембриџ синоќа се појави на премиерата на филмот „Не е време за умирање“ и воодушеви со раскошниот златен фустан, а Вилијам успешно ѝ парираше.

1,697

Долгоочекуваната премиера на филмот ѕа Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ не ја пропушти ниту кралското семејство. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнаа на премиерата.

Војвотката Кејт воодушеви во раскошен златен фустан, а Вилијам успешно ѝ парираше.






Кејт носеше блескав фустан со длабоко деколте дизајниран од Џени Пакхем, кој чини 2.800 фунти, пишува „Дејли мејл“.

По објавувањето на фотографиите од оваа двојка, имаше серија позитивни коментари, а многумина забележаа како Кејт блескаше и ѝ дадоа комплименти дека изгледа феноменално, како и секогаш.

Да потсетиме, премиерата на овој филм беше одложена неколкупати поради пандемијата на коронавирусот, а обожавателите сега конечно ќе можат да уживаат во новите авантури и заплети на Бонд.

На премиерата во Лондон се собраа бројни познати личности, меѓу кои беа и принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Филмот ќе започне да се прикажува во Британија овој четврток, а во САД на 8 октомври, година и пол подоцна од најавеното. За Даниел Крег, ова е петта и последна улога на харизматичниот агент на британската тајна служба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини