Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да смени адреса на живеење и ќе се пресели од Монте Карло во Марбеља, на југот на Шпанија. Ѓоковиќ е фасциниран од Марбеља, па решил да купи луксузна вила во ова славното шпанско летувалиште.
Сите овие години, неговата главна резиденција беше во Монте Карло, по што тенисерот реши да го пресели својот дом во Шпанија.
Новиот дом на семејството Ѓоковиќ поседуваа базен, тениски терен, голема скара, девет спални соби, осум тоалети, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море… И не само тоа, во куќата има и голема теретана, место за забава и игри (билијард, пинг-понг), а постои и кино.
Она што е интересно е и тоа што се наоѓа во луксузниот дел на ова шпанско летувалиште, па така за соседи ќе имаат познати светски ѕвезди, како Кристијано Роналдо, Владимир Путин, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, како и актерите Антониот Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Долф Лундгрен, Хју Грант, Хулио Иглесијас, Сајмон Кауел, Ева Лoнгорија, Фабио Капело…
Шпанците пишуваат дека Ѓоковиќ се одлучил за вила во која често престојувале во текот на 2020 година, особено за време на пандемијата на корона вирусот, кога тениската сезона беше прекината.
Според шпанските медиуми, брачната двојка Ѓоковиќ во Марбеља ќе живеат во вила од 10 милиони евра. Ноле извесно време вилата ја изнајмувал за 10.000 евра неделно.
Djokovic’s “lockdown” house in Marbella #NotTooBad pic.twitter.com/FFbvL1eDSV
— 9-7 in the 5th (@97InThe5th) May 28, 2020
ФОТО: Твитер/Инстаграм