ЛУКСУЗ Е ДА СЕ РУЧА ВО РЕСТОРАН Угостителските услуги поскапеа за 6,3% во однос на ланскиот февруари
Ако лани едно четиричлено семејство ручаше во ресторан и плаќаше сметка од 3.000 денари, сега истото тоа семејство и за истиот ручек во истиот ресторан ќе плати околу 200 денари повеќе.
Цените на угостителските услуги во февруари годинава, во однос на февруари лани, се зголемени за 6,3%, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
„За периодот јануари – февруари 2024, пак, во споредба со истиот период од минатата година, е забележан раст од 6,3%. Во февруари годинава во однос на јануари угостителски услуги поскапеле за 0,1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 %“, се вели во соопштението.
Па така, ако лани едно четиричлено семејство ручаше во ресторан и плаќаше сметка од 3.000 денари, сега истото тоа семејство и за истиот ручек во истиот ресторан ќе плати околу 200 денари повеќе.