ЛУКРОВСКИ ВОДИ ВО КАРПОШ Првиот круг покажува надмоќна поддршка, но ќе има втор круг со Јакимовски

Карпошани испратија јасна порака за промена, победа со повеќе од 30% разлика за Лукровски.

1,075

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вечерва прогласи победа во првиот круг од локалните избори, со водство пред актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски, со кого ќе се сретне во вториот круг.

– Денес Карпош испрати јасна порака дека е време за промена! Пред само три месеци бев непознат, а денес победувам со над 30% разлика. Ова не е моја, туку наша победа – изјави Лукровски пред своите поддржувачи.






Лукровски го истакна значењето на граѓанската поддршка и потенцираше дека победата е резултат на заеднички напор и доверба од страна на жителите на Карпош.

Првиот круг од изборите покажа дека се очекува интензивна и тесна битка во вториот круг, додека Лукровски и Јакимовски ќе се борат за конечен мандат на чело на општината.

– Ова е само почеток. Верувам дека со поддршката на граѓаните ќе ја донесеме победата во Карпош – додаде Лукровски, најавувајќи дека ќе продолжи со активно вклучување на граѓаните во идните проекти и иницијативи за општината.

Поврзани содржини