ЛУКАШЕНКО, СПАСИБО! Путин се заблагодари за завршената работа со групата „Вагнер“

Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на „Вагнер“. Претседателот на Русија го поддржа својот белоруски колега и му се заблагодари за сработеното, се вели во соопштението. 

2,536

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски му се заблагодари на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер, соопшти прес-службата на белорускиот претседател, пренесе ТАСС.

„Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на „Вагнер“. Претседателот на Русија го поддржа својот белоруски колега и му се заблагодари за сработеното“, се вели во соопштението.






Претходно денеска, кабинетот на белорускиот претседател соопшти дека Лукашенко преговарал со шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин.

Пригожин се согласил да го запре напредувањето на неговите сили кон Москва по предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко.

Тој не даде детали за договорот.

ШТО Е ТОА ШТО ГО ИСПЛАШИ? Пригожин се предава, борците на „Вагнер“ се враќаат во базите

Поврзани содржини