ЛУКАШЕНКО СО СЕКИРА ВО РАКА ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ЕВРОПА Да им помогнеме на нашите браќа да не смрзнат! (ВИДЕО)

Главната работа е дека Дуда и Моравјецки (претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки) не смрзнуваат во Полска. Тоа се нашите соседи, можеби ќе се вразумат, рече претседателот на Белорусија.

1,440

По повод претстојната зима, белорускиот претседател Александар Лукашенко се пошегува со Европа.

Според него, Европа сега не бира – дали е тоа се новогодишни елки или некое друго огревно дрво, „главно е да биде топло“.






– Нема да дозволиме Европа да замрзне. Ќе им помогнеме на нашите браќа, можеби ќе ни помогнат еден ден – рече Лукашенко додека сечел дрва.

Тој спомна и имиња на политичари.

– Главната работа е дека Дуда и Моравјецки (претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки) не смрзнуваат во Полска. Тоа се нашите соседи, можеби ќе се вразумат – рече претседателот на Белорусија.

Белорусија е поддржувач на Русија од првиот ден откако почна инвазијата на Украина. Полска пак дава поддршка на Украина и прими најголем број бегалци.

 

Поврзани содржини