Лукашенко „пресретнал“ разговор во кој изјавата на Меркел за Навални е фалсификат
Според зборовите на Лукашенко, изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални со „новичок“ е фалсификат, пренесе руски „Спутњик“.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му соопшти на рускиот премиер Михаил Мишустин, кој се наоѓа во Минск, дека го „пресретнал“ разговорот меѓу Варшава и Берлин.
Според зборовите на Лукашенко, изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални со „новичок“ е фалсификат, пренесе руски „Спутњик“.
Лукашенко вети и аудиоснимка од пресретнатиот разговор.
Исто така, го предупреди рускиот премиер дека Западот подготвува „пакости“ за Русија во пресрет на регионалните избори во земјата.
Кремљ, од друга страна, и понатаму ги отфрла како неточни обвинувањата дека стои зад труењето на опозицискиот лидер, истакнувајќи дека нема никаква основа поради тој случај да бидат наметнати санкции врз Русија.
Портпаролот на Кремљ ги отфрли тврдењата дека Русија стои зад нападот врз Навални и ги предупреди останатите земји да не носат „избрзани одлуки“.
Тој додаде дека нема причини да се зборува за санкции против Москва, откако германската канцеларка Ангела Меркел вчера рече дека ќе се консултира со сојузничките во НАТО за евентуален одговор на труењето на Навални.
Германската влада вчера соопшти дека има „непобитни докази“ дека Навални, кој беше префрлен во Германија за тестови и лекување, бил отруен со „новичок“, нервен агенс за кој се смета дека се произведува во Русија.