ЛУКАШЕНКО ПРЕДЛОЖИ ПРИМИРЈЕ, МОСКВА РЕАГИРАШЕ „Ќе ризикувам да предложам прекин на војната“
Ќе се обидам да ризикувам да предложам прекин на непријателствата ... да прогласам примирје без право на движење, прегрупирање трупи од двете страни, без право на пренос на оружје , муниција и воена опрема, рече Лукашенко.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, обраќајќи им се на народот и на парламентот со порака, предложи да се прекинат воените дејствија во Украина и да се прогласи примирје, пишува Тасс.
Треба да застанеме сега, пред да започне ескалацијата. Ќе се обидам да ризикувам да предложам прекин на непријателствата … да прогласам примирје без право на движење, прегрупирање трупи од двете страни, без право на пренос на оружје , муниција и воена опрема -рече тој.
На ова стигна брз одговор од Москва.
– Ништо не се менува во контекст на Украина. Специјалната воена операција продолжува, бидејќи тоа е единствениот начин да се постигнат целите со кои се соочува Русија – рече Песков, портпарол на Кремљ, додавајќи дека следната недела Путин и Лукашенко ќе имаат можност на долго и широко да разговараат за оваа идеја на состанок на Врховниот државен совет.
Идејата на Лукашенко е прекин на огнот без ниту едната страна да има право да преместува и прегрупира трупи или право да преместува оружје и муниција, работна сила и опрема.
Но, истовремено, во говорот, Лукашенко истакна дека „доколку (тогаш) Западот уште еднаш се обиде да ја искористи паузата со замисла за зајакнување на своите позиции, Русија е должна да ја искористи сета моќ на воено-индустрискиот комплекс и армијата за да спречи ескалација на конфликт“.
Претходно, Москва и Минск се договорија руско тактичко нуклеарно оружје да биде распоредено во Белорусија, потег кој некои западни аналитичари го нарекоа „нуклеарно заплашување“, додека други алармираа за можната ескалација.