Лукашенко положи пред Путин – скокна во студените води на Црно Море

Претседателот на Белорусија ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапе во Црното Море. Температурата на водата е плус 16, објави телеграм-каналот „Пул Први“.

3,169

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, скокна од брод во студените води на Црното Море за време на паузата од петчасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„На сите кои се загрижени: Претседателот на Белорусија ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапе во Црното Море. Температурата на водата е плус 16“, објави телеграм-каналот „Пул Први“.






Белорусија се соочува со блокада од ЕУ на нивниот авиосообраќај по присилното слетување на авионот на „Рајанер“, кој од Атина леташе кон Вилнус.

Лукашенко и Путин по состанокот крстареа по Црното Море.

Поврзани содржини